НОВ ЗАКОН ВО СЛОВЕНИЈА – Поголеми бенефиции и повеќе права за пензионери и невработени
Работниците над 58 години или со 35 години стаж ќе можат да изберат скратен работен ден или слободен петок

Од 2026 година, во Словенија стапува на сила нов закон кој им овозможува на работниците блиску до пензија да го скратат своето работно време. Работниците постари од 58 години или со над 35 години стаж ќе можат да изберат слободен петок или шестчасовен работен ден, со моделот 80-90-100 (80% работно време, 90% плата, целосни придонеси).
Законот, исто така, носи зголемени бенефиции за невработени (130% од просечната плата првите три месеци), повисоки минимални плати и подобри услови за студенти, учесници во јавни работи и лица над 59 години и зголемено месечно ограничување за работа на пензионери од 60 на 85 часа.
Министерството најавува дека доколку моделот успее, ќе следуваат дополнителни промени како задолжителен божиќен бонус и 38-часовна работна недела до 2028 година.


