НОВ УСЛОВ ЗА КУПУВАЊЕ НА ГРЕНЛАНД – Трамп воведува нови царини за Европа: од февруари 10%, од јуни 25%
Царината ќе важи за сите испораки од Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска

Фото: Архива
Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување на нов сет царини за стоката што доаѓа од голем број земји во САД, кои ќе стапат на сила од 1 февруари.
Трамп наведува дека тие царини ќе останат на сила сè додека не се постигне „целосен договор за купување на Гренланд“ од страна на САД.
Во објава на социјалните мрежи, тој посочи дека Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска ќе бидат оптоварени со 10% царина на сите испораки во САД.
Според неговите најави на Truth Social, оваа стапка ќе се зголеми на 25% од 1 јуни.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


