НОВ ТОПЛОТЕН БРАН Топло и сончево време денес и следните денови

Денеска не очекува претежно сончево и топло време со слаба до умерена локална облачност, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, а температурите ќе се движат од 10 до 19 степени во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 29 и 37 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде слично – сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од утрински 17 до попладневни 37 степени.
Според најавите од УХМР, од утре земјава ќе биде зафатена од топла воздушна маса од југ, што ќе донесе период на стабилно, сончево и екстремно топло време. Во текот на наредната работна седмица, температурите насекаде ќе бидат над 30 степени, а на повеќе места ќе се искачат над 35, со можни екстреми и над 40 степени Целзиусови.
Надлежните институции апелираат до граѓаните да бидат внимателни, особено во најтоплите делови од денот, да избегнуваат директна изложеност на сонце и да внесуваат доволно течности за да се спречат последици од топлотниот бран.


