НОВ ПОРАСТ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ Цените продолжуваат да растат
На годишно ниво цените се повисоки за 4%, како последица на континуирани поскапувања во повеќе категории – храна, енергенси, домување, транспорт и дел од приватните услуги.

Трошоците на живот во земјава и во ноември продолжија да растат. Индексот порасна за 0,5% во однос на октомври, главно поради поскапувања кај дел од храната, трошоците за домување и услуги со сезонски корекции.
На годишно ниво цените се повисоки за 4%, како последица на континуирани поскапувања во повеќе категории – храна, енергенси, домување, транспорт и дел од приватните услуги. Иако инфлацијата е пониска од минатите двоцифрени нивоа, и понатаму силно го оптоварува домашниот буџет.
Економистите оценуваат дека растот е умерен, но постојан, и дека ценовните трендови ќе зависат од глобалните енергенси и домашната понуда на храна. Сепак, и покрај забавувањето на инфлацијата, цените продолжуваат да растат и ја намалуваат куповната моќ на граѓаните.


