НОВ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР – Што значи тоа за граѓаните

Конкуренцијата на пазарот може да донесе пониски цени за мобилни услуги

НОВ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР – Што значи тоа за граѓаните
Фото: Национал

Оне Македонија телекомуникации на унгарскиот Фор-ај-џи е избран од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) како најповолен понудувач за трет мобилен оператор.

Со донесувањето на одлуката започнува да тече десетдневниот рок за уплата на еднократниот надомест за трите радиофреквентни опсези, кој изнесува вкупно 8.020.003 евра, пренесува МИА. Почетните износи за секој одобрителен опсег се: А1 – 4,2 милиони евра, Б1 – 1,5 милион евра и C1 – 2,32 милиони евра.

Откако ќе се изврши ова плаќање, компанијата ќе може да побара пристап до мрежите на постојните оператори и да функционира додека не изгради сопствена инфраструктура.

Според планот за воведување на 5G до крајот на март идната година новиот оператор треба да покрие еден град со 5G. До крајот на 2028 година треба да се овозможи непрекинат 5G сигнал на главните коридори, согласно Договорот за воспоставување транспортна заедница на основната и универзална патна мрежа. До крајот на 2030 година сите градови во државата треба да бидат покриени со 5G. До крајот на 2032 година секој граѓанин треба да има пристап до интернет преку 5G со минимална брзина од 100 Mbps.

Дополнително, носителот на одобрението мора да почне со користење на доделените радиофреквенции најдоцна една година од датумот на стапување во важност на одобрението.

CATEGORIES
Share This