НОВ ИЗУМ НА СТОЈАНЧЕ ЗА ГАСНЕЊЕ ПОЖАРИ – Вадете трактори и орајте на 10 метри околу куќите

Активиран е и ЕУ механизмот за цивилна заштита, а побарана е и меѓународна помош со воздухоплови.

НОВ ИЗУМ НА СТОЈАНЧЕ ЗА ГАСНЕЊЕ ПОЖАРИ – Вадете трактори и орајте на 10 метри околу куќите
Фото: Принтскрин

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, упати апел до жителите на руралните подрачја каде беснеат пожари, да преземат мерки за заштита. Тој повика луѓето да користат трактори и да изораат појаси до 10 метри околу куќите, со цел да се спречи ширењето на огнот.

„Ако теренот е изораен и исчистен од ниска вегетација, огнот не може да се шири. Паниката е непотребна – имаме силно присуство на терен“, изјави Ангелов.

CATEGORIES
TAGS
Share This