НОВ ИСЧЕКОР НА КОРИДОРОТ 8 – Пробиен последниот тунел
Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, соопшти дека е завршено пробивањето на сите 15 тунели на делницата Бељаковце – Крива Паланка.

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, информираше дека е пробиен и последниот од вкупно 15-те тунели на делницата Бељаковце – Крива Паланка, која е дел од изградбата на железничката пруга кон Бугарија.
Тој соопшти дека станува збор за еден од најспецифичните и технички најсложени сегменти од проектот, кој сега е целосно завршен. Според Ивановски, иако динамиката на изведувачот во моментов не е на посакуваното ниво, најкомплексните градежни активности постепено се надминуваат.
Очекува во наредниот период да следуваат месеци со засилена оперативна работа и поизразен напредок на терен.
Ивановски потенцира дека Коридорот 8 има стратешко значење за државата и за НАТО, нагласувајќи дека се работи за важна инфраструктурна врска што ќе овозможи поврзување на Јадранското со Црното Море.


