НОВ ГОЛЕМ УСПЕХ НА ЖЕНСКИОТ МЛАДИНСКИ ХОР – Прва награда во Херцег Нови и признание за маестро Татарчевски
На фестивалот учествуваа 29 хорови од повеќе европски земји, а ЖМХ настапи на три сцени – во црквата Св. Јероним, салата „Парк“ и на сцената „Под градскиот саат“, предизвикувајќи овации кај публиката.

Под водство на маестро Сашо Татарчевски, Женскиот младински хор при МКЦ повторно се врати со највисоки признанија од меѓународен натпревар. По Гран при наградата во Бугарија во јуни, хорот освои прва награда на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови, Црна Гора.
На фестивалот учествуваа 29 хорови од повеќе европски земји, а ЖМХ настапи на три сцени – во црквата Св. Јероним, салата „Парк“ и на сцената „Под градскиот саат“, предизвикувајќи овации кај публиката.
Маестро Татарчевски доби специјална награда за најдобар диригент, а од МКЦ порачаа дека хорот и во својата 53-та година го потврдува статусот на еден од највредните македонски културни брендови. Настапите годинава се поддржани од Министерството за култура и туризам и Град Скопје.


