НОВ ЕЛЕКТРОНСКИ МОДУЛ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА ДОНАЦИИ ВО ЗДРАВСТВОТО – Модулот ќе овозможува поголема координација и избегнување на несоодветна опрема без сервис или резервни делови

Досега се регистрирани 424 донации од 338 донатори, во вредност од 6,65 милиони евра, од кои 85% се медицински материјали, лекови, вакцини и апарати.

НОВ ЕЛЕКТРОНСКИ МОДУЛ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА ДОНАЦИИ ВО ЗДРАВСТВОТО – Модулот ќе овозможува поголема координација и избегнување на несоодветна опрема без сервис или резервни делови

Министерството за здравство воведе електронски модул donacii.zdravstvo.gov.mk, преку кој се евидентираат донации во јавните здравствени установи. Досега се регистрирани 424 донации од 338 донатори, во вредност од 6,65 милиони евра, од кои 85% се медицински материјали, лекови, вакцини и апарати.

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека модулот овозможува поголема координација и избегнување на несоодветна опрема без сервис или резервни делови. „Донациите доаѓаат од широк спектар донатори – меѓународни институции, држави и фондации, што е потврда за довербата во нашиот здравствен систем“, рече Алиу.

Во мај, Државниот завод за ревизија објави дека дел од современата медицинска опрема вредна 13 милиони евра не се користи поради недостиг на кадар и просторни услови. Ревизијата за периодот 2021–2023 година покажува дека е набавена опрема од 57,7 милиони евра, но 5,5 милиони евра од неа не се користат во полн капацитет.

CATEGORIES
Share This