НОРМАЛИЗИРАН СОБРАЌАЈОТ КОН БЛАЦЕ И КРИВА ПАЛАНКА – пуштени клучни патни правци во редовен режим

НОРМАЛИЗИРАН СОБРАЌАЈОТ КОН БЛАЦЕ И КРИВА ПАЛАНКА – пуштени клучни патни правци во редовен режим

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) утрово информира дека сообраќајот е целосно нормализиран на неколку клучни патни делници кои беа привремено затворени поради пожари и технички пречки.

Патниот правец од клучка Орман до клучка Мирковци е повторно отворен за редовен сообраќај, како и делницата Скопје – граничен премин Блаце, која беше затворена поради повторно разгорување на пожар во близина на преминот.

Исто така, нормализиран е и сообраќајот на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, кој сега функционира непречено во двата правци.

Од АМСМ апелираат возачите да се придржуваат кон сообраќајните правила и да внимаваат на можни одрони, особено на делници низ планински и ридски предели.

CATEGORIES
Share This