НОН-ПЕЈПЕРОТ ШТО ГО УРНА САМИТОТ ТРАМП-ПУТИН Москва го бара Донбас и исклучување на НАТО од Украина
Зеленски го одбил планот на Кремљ, а Белата куќа соопшти дека „во непосредна иднина нема планови за ваков самит“

Фото: Принтскрин
За време на викендот, Русија ѝ испратила на САД таен документ – „нонпејпер“ со кој повторно ги изложила своите услови за мировен договор со Украина, објави Ројтерс. Според изворите, Москва бара целосна контрола врз Донбас, забрана за присуство на НАТО трупи во Украина и одбивање на предлогот на Трамп за „замрзнување“ на фронтот.
По ова, средбата Трамп-Путин во Будимпешта била откажана, иако само неколку дена претходно двајцата лидери најавија дека ќе се сретнат „во следните недели“.
Зеленски го одбил планот на Кремљ, а Белата куќа соопшти дека „во непосредна иднина нема планови за ваков самит“.
CATEGORIES Свет


