НОЌЕСКА ЗАПОЧНУВА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО Стрелките се поместуваат еден час наназад, а граѓаните ќе спијат подолго

Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, па времето во 03:00 ќе се смета како 02:00 часот.

НОЌЕСКА ЗАПОЧНУВА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО Стрелките се поместуваат еден час наназад, а граѓаните ќе спијат подолго

Ноќеска во 03:00 часот по полноќ завршува летното, а започнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, па времето во 03:00 ќе се смета како 02:00 часот.

Промената е дел од редовната годишна практика за усогласување со европската регулатива. Зимското сметање трае до последниот викенд во март, кога повторно ќе започне летното сметање на времето.

Ова значи дека наредната ноќ ќе спиеме еден час подолго, а денот ќе почнува порано, но и ќе завршува порано. Зимското сметање го применуваат речиси сите европски земји, освен Исланд, Русија и Белорусија.

Иако Европскиот парламент во 2019 година изгласа укинување на сезонското менување на времето, конечна одлука сè уште не е донесена од Советот на ЕУ.

CATEGORIES
Share This