НЕМА ПОБЕДНИК, САМО НАЈСЛУШАНА ПЕСНА – „Макфест“ со 40. јубилејно издание

Организаторите истакнуваат дека фестивалот оваа година нема да има натпреварувачки карактер - нема да се избира победник, туку ќе се додели признание за „најслушана песна“ според гласовите на публиката.

НЕМА ПОБЕДНИК, САМО НАЈСЛУШАНА ПЕСНА – „Макфест“ со 40. јубилејно издание
Фото: Принтскрин

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ оваа година го одбележува својот 40-годишен јубилеј и ќе се одржи во три вечери во Штип – градот кој е негов дом уште од првото издание во 1986 година. Почетокот е вечерва, 23 октомври, а настанот ќе трае до викендот.

Како и претходно, фестивалот ќе се пренесува во живо на Македонската радио телевизија, а сцената ќе биде збогатена со LED екран од над 160 квадратни метри – најголем досега во историјата на „Макфест“. За секоја песна се подготвуваат специјални визуелизации синхронизирани со музиката, создавајќи впечатлив визуелен доживеј.

Организаторите истакнуваат дека фестивалот оваа година нема да има натпреварувачки карактер – нема да се избира победник, туку ќе се додели признание за „најслушана песна“ според гласовите на публиката.

Ќе се одржат три фестивалски вечери: Првата вечер (23 октомври) ќе биде дебитантска, со 13 нови композиции и млади изведувачи. Втората вечер (24 октомври) ќе ги собере 14 поафирмирани македонски артисти и познати имиња. Третата вечер (25 октомври) ќе биде ревијална, посветена на најголемите хитови и победници во историјата на фестивалот.

„За разлика од минатите години, оваа година имаме и трета вечер, на која ќе се изведат 16 најпознати песни. За жал, не можевме да ги вклучиме сите, но се потрудивме да ги изберам оние кои оставиле траен белег во македонската музика“, изјави Роберт Саздов, уметнички директор на „Макфест“.

Прва вечер (23.октомври)

– Стефан Ефремов – „Слаба страна“,
– Санела Шукриевска – „Цунами“,
– Катерина Јовановиќ – „Зад кулисите“,
– Агни Авшар – „По дождот“,
– Bono & Tammy – „Бамба“,
– Марија Наумовска – „Го сакам дождот“,
– Дино Петриќ (Хрватска) – „Дом“,
– Дорис Ди – „Кога не ме сакаш“,
– Бобан Вељановски – „Нека боли“,
– Emmy – „Без компромиси“,
– Валдера – „Сега збогум“,
– Елена Наумова – „Само нека помине“ и
– Анастасија Никова – „Сите ѕвезди паѓаат“.

Втора вечер (24. октомври)

– Димитар Андоновски – „Души две“,
– Коки Јанков – „Виолина и…“,
– Young Dadi – „Писмо“,
– Павле Камиловски – „Милион лета“,
– Лара – „Доминантен“,
– Мартинијан Кириловски – „Без да кажеш збор“,
– Јуле Николовска – „Мој си грев“,
– Зоран Ванев – „Душо моја“,
– Марија Атанасова – „Вљубена во лага“,
– Зоран Илиев – „Најмила“,
– Ана Петановска – „Со тебе до ѕвездите“,
– Тамара Волческа – „Ведро е“ и
– Дејан Тасев – „Мене ти ми требаш“.

Јубилејна вечер – ретроспектива на 40 години „Макфест“ (25. октомври)

1. Осамен – Трајче Манев 1987
2. Признавам -Росана 1988
3. Самба во Штип  – Питер Џон Босе 1988
4. Ангели ме носат – Силви Бенд – 1991
5. Моја гитара -1992 Гиш 1992
6. Свирете ја зајди зајди – Олгица Христовска 1992
7. Тања –  Емил Канаваро и Дарко Андоновски 1992
8. Сонце за три светови – Мики Јовановки – Џафер 1993
9. Твоите очи сине – Тања Кочовска 1993
10. Еден бакнеж – Владо Јаневски 1994
11. Виолина и гитара  – Коки Јанков 1996

CATEGORIES
Share This