НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА НЕ САКА МАНДАТ – Следуваат избори во Бугарија
Партиите без договор и претседателот ја активира изборната процедура

Фото: Архива
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска соопшти дека во земјата ќе се распишат нови парламентарни избори, откако ниту една од водечките политички партии не прифати да формира влада.
Радев ѝ ја понуди можноста на Алијансата за права и слободи да добие мандат и да се обиде да состави кабинет, но и таа партија го одби предлогот – трета по ред што го направи тоа оваа недела, пренесе Ројтерс.
„Одиме на избори“, изјави претседателот.
CATEGORIES Свет


