НИШТО БЕЗ МЕНЕ – Да не бев претседател, денес ќе имаше шест големи војни вели Трамп

Трамп наведува дека неговата администрација одиграла клучна улога во деескалација на неколку регионални тензии

НИШТО БЕЗ МЕНЕ – Да не бев претседател, денес ќе имаше шест големи војни вели Трамп
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото присуство во Белата куќа спречило избувнување на шест големи воени конфликти ширум светот. Како што наведе, неговата администрација одиграла клучна улога во деескалација на неколку регионални тензии, меѓу кои и потенцијален вооружен судир меѓу Индија и Пакистан.

„Да не бев таму, денес ќе имавме шест големи војни. Индија ќе се бореше со Пакистан“, изјави Трамп за време на својата посета на Шкотска, пред планираната средба со британскиот премиер Кир Стармер. Изјавата ја пренесува британскиот весник Гардијан.

Како пример, Трамп го посочи спорот меѓу Тајланд и Камбоџа, каде, според него, интервенцијата на неговата администрација вклучително и заканата за прекин на трговските преговори довела до постигнување примирје.

Дополнително, Трамп ја истакна и улогата на неговата администрација во намалување на тензиите и поддршка на мировните иницијативи меѓу Руанда и Демократска Република Конго.

CATEGORIES
TAGS
Share This