НИКОГАШ НЕ БИЛО ВАКА – Словенечката армија ќе дели гориво
Дневни квоти според кои секое лице може да купи само 50 литри гориво.

Од полноќ во Словенија стапи на сила одлука за ограничување на испораката на гориво на бензинските пумпи, со цел да се намалат проблемите со снабдувањето со нафтени производи.
Словенечката влада воведе дневни квоти за поединци и компании: до 50 литри гориво по лице и до 200 литри по правно лице или физичко лице кое врши бизнис, вклучително земјоделство, пренесува СТА. За поддршка на снабдувањето, активирана е и словенечката армија.
Премиерот Роберт Голоб изјави дека складиштата се полни и дека има доволно гориво. Тој истакна дека владата мора да обезбеди достапност на нафтените производи за јавноста, а новите мерки се базираат на позитивните искуства на енергетската компанија МОЛ.
„Можам само да се прашувам како Петрол не го направи ова досега, па затоа им ги наметнавме овие обврски со обврзувачки одлуки“, рече Голоб.
Ограничувањето на цените на горивата е еден од низа чекори на владата за намалување на цените и ублажување на кризата со снабдување. Недавно беа укинати ограничувањата на цените на бензинските пумпи на автопатиштата со цел повисоките цени таму да ја намалат побарувачката и да ослободат логистички капацитет за другите бензински пумпи.


