НЕВИЛ ОТКРИВА ДЕТАЛИ – Прави споредба со легендата Кин

Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гари Невил, сподели интересни информации за својата плата во последната сезона на Олд Трафорд, пред да се повлече од активното играње фудбал во 2011 година. Во емисијата The Overlap, Невил разговараше за финансиските услови на неговиот поранешен соиграч Рој Кин, кој во 2005 година заработувал значителни суми од бонуси при потписи на договори.
Невил откри дека во неговата последна сезона, годишната плата изнесувала 2,3 милиони фунти, што е околу 2,6 милиони евра. Тој направи споредба со Кин, кој си заминал шест години пред него, нагласувајќи дека Кин во тоа време заработувал еден милион фунти годишно само од бонуси.
„Тоа беше двојно повеќе од она што го заработував во последниот договор. Рој си замина шест години пред мене, а јас завршив со 2,3 милиони фунти во 2011 година“, изјави Невил. Тој истакна дека не му било важно да преговара за финансиските услови на договорите, додавајќи: „Не преговарав за моите договори, само ги потпишував, не ми беше важно. Што и да ми понудеа, само велев: ‘Во ред е, не ми е гајле.'” Невил со задоволство ги сподели овие информации, нагласувајќи дека за него важела само љубовта кон играта.


