НЕТАНЈАХУ СО ПОРАКА ОД МЕСТОТО НА НАПАД – Ќе возвратиме со страшна сила

Изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите, тој ги повика граѓаните да ги следат безбедносните упатства во случај на нови ракетни напади.

НЕТАНЈАХУ СО ПОРАКА ОД МЕСТОТО НА НАПАД – Ќе возвратиме со страшна сила
Фото: Википедиа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го посети местото на иранскиот ракетен напад врз станбена зграда во Бат Јам, изјавувајќи дека Иран ќе се соочи со „многу висока цена“ за нападите насочени кон цивилното население на Израел.

„Иран ќе плати висока цена за свесното убивање на цивили – жени, деца, невини луѓе. Ќе ги исполниме нашите цели и ќе возвратиме со страшна сила“, изјави Нетанјаху, според соопштението од неговиот кабинет.

Во нападот загинаа шест лица, а десетици беа повредени, јавува The Times of Israel. Дополнително, уште четири лица го загубија животот во сличен напад во северниот град Тамра.

„Оваа борба е прашање на егзистенција – нешто што сега секој граѓанин на Израел го разбира. Замислете што би значело ако Иран поседува нуклеарно оружје и одлучи да го искористи врз нашите градови“, предупреди Нетанјаху и додава:

„А што ако имаат 20.000 вакви проектили? Тоа е директна закана за самото постоење на Израел. Затоа ја водиме оваа војна за опстанок – со целосна решеност и сила. Нашите војници, нашите пилоти, се над Иран“, истакна премиерот.

Изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите, тој ги повика граѓаните да ги следат безбедносните упатства во случај на нови ракетни напади.

„Заштитете се – телесно и духовно. Животите се најважни. Со Божја помош, ќе победиме. И сме на пат кон таа победа“, заклучи Нетанјаху.

CATEGORIES
TAGS
Share This