НЕТАНЈАХУ ДО КАТАР Извинете што ве бомбардиравме – не се важи

Нападот на 9 септември врз седиштето на Хамас во Доха предизвика гнев кај арапските држави и критика од Вашингтон, бидејќи Катар е близок сојузник на САД и клучен посредник во преговорите за примирје во Газа.

НЕТАНЈАХУ ДО КАТАР Извинете што ве бомбардиравме – не се важи
Фото: Принтскрин

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа упати извинување до Катар поради воздушниот напад врз претставници на Хамас во Доха.

Според Белата куќа, Нетанјаху телефонски го информирал катарскиот премиер дека жали за убиството на катарски војник и за нарушувањето на катарскиот суверенитет, ветувајќи дека Израел нема повторно да преземе вакво дејство.

Нападот на 9 септември врз седиштето на Хамас во Доха предизвика гнев кај арапските држави и критика од Вашингтон, бидејќи Катар е близок сојузник на САД и клучен посредник во преговорите за примирје во Газа.

Трамп оцени дека нападот „не е во интерес ниту на Израел, ниту на САД“.

CATEGORIES
TAGS
Share This