НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД Денеска очекувајте и грмежи и локални невремиња

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД Денеска очекувајте и грмежи и локални невремиња

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, со услови за локален пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На одредени места се очекуваат поинтензивни временски процеси во форма на невреме, со краткотрајни но обилни врнежи (над 15 литри на квадратен метар), силен ветер со брзина над 60 километри на час, како и изолирана појава на град.

Минималните температури утрово се движат во интервал од 13 до 20 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 25 до 32 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Во делови од Скопската котлина можно е појава на невреме, проследено со пороен дожд, засилен ветер и град. Температурите ќе се движат од утрински 19 до дневни 30 степени.

За утре (вторник) УХМР најавува продолжување на нестабилноста со локални врнежи и грмежи, кои на одредени места повторно може да бидат поинтензивни. Сепак, од среда се очекува стабилизирање на времето, со постепен пораст на дневните температури и преовладување на сончево и потопло време.

CATEGORIES
Share This