НЕСТАБИЛНО И ПОСВЕЖО ВРЕМЕ ДЕНЕСКА – Се очекува дожд и грмежи
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд.

Фото: Национал
Денеска (31.07.) времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со засилен ветер – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура ќе биде до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
CATEGORIES Македонија


