НЕСРЕЌА НА ПАТОТ НЕГОТИНО – ДЕМИР КАПИЈА повредени тројца српски државјани, меѓу нив и малолетник
Според податоците од МВР, несреќата била пријавена во 09:30 часот во ОВР Неготино. Патничко возило марка „Шкода“ со српски регистарски таблички, управувано од Т.П. (56) од Република Србија, излетало од коловозот под засега неутврдени околности.

Тројца државјани на Србија се повредени, од кои едниот тешко, во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Неготино – Демир Капија на 26 јуни, информира Министерството за внатрешни работи.
Според податоците од МВР, несреќата била пријавена во 09:30 часот во ОВР Неготино. Патничко возило марка „Шкода“ со српски регистарски таблички, управувано од Т.П. (56) од Република Србија, излетало од коловозот под засега неутврдени околности.
Во инцидентот тешки телесни повреди добил сопатникот Д.П. (61), додека полесно се повредиле возачот Т.П. и 17-годишен сопатник, исто така државјани на Србија. Повредите им биле констатирани во Општата болница во Кавадарци.
На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино, а истрагата за причините продолжува. Надлежните не откриваат повеќе детали за моментот на несреќата, но апелираат на внимателно возење, особено во летниот период кога сообраќајот на патиштата е зголемен.


