НЕПРЕЧЕН СООБРАЌАЈ, СУВИ КОЛОВОЗИ – 20 минути чекање на „Богородица“

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

НЕПРЕЧЕН СООБРАЌАЈ, СУВИ КОЛОВОЗИ – 20 минути чекање на „Богородица“
Фото: Национал

Денеска (16.07) сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози – информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин “Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути.  На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

CATEGORIES
Share This