НЕПРЕЧЕН СООБРАЌАЈ НИЗ ДРЖАВАТА – Без гужви на патиштата и граничните премини

АМСМ апелира за прилагодена брзина и внимателно возење поради можни одрони на повеќе патни правци

НЕПРЕЧЕН СООБРАЌАЈ НИЗ ДРЖАВАТА – Без гужви на патиштата и граничните премини
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта денеска (29.12.) се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна не се евидентирани подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност за појава на одрони. Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дополнително, од АМСМ потсетуваат дека на патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е во сила сезонски режим на сообраќај. Оваа делница е затворена за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Воедно, потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Оваа обврска ќе важи до 15 март 2026 година.

CATEGORIES
Share This