НЕПОВОЛНО ВРЕМЕ НАД СКОПЈЕ Вечерните летови од Берлин и Ајндховен пренасочени во Приштина
Непроменливите временски услови вечерва го оневозможија безбедното слетување во Скопје

Фото: Принтскрин
Двата вечерни лета на „Виз Ер“, кои требаше да слетаат во Скопје, вечерва беа пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Авионите што полетаа од Берлин и Ајндховен, со рути W64740 и W64716, околу 18:20 и 18:50 часот добиле инструкции да продолжат кон приштинскиот аеродром.
Според метеоролошките податоци, над скопскиот аеродром е регистрирано опасно „wind shear“ смикување на ветерот, појава што претставува сериозен ризик при маневрите за слетување. Поради тоа, контролата на летање најверојатно вовела ограничувања.
Во следниот период не се очекуваат поголеми промени во временските услови.
CATEGORIES Македонија


