НЕОЧЕКУВАНО ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ ОВАА СЕДМИЦА: дождови и грмежи, јужен ветер, но и сахарска прашина и песок!

Оваа работна седмица во Македонија не очекува променливо време со повремени локални врнежи од дожд, поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Причина за ваквото време е циклонска активност од западна Европа и Џеновскиот Залив.
Температурите ќе останат пролетно топли, со дневни вредности околу и над 20°C, а во Повардарието и југоистокот и до 25°C. Во Скопје исто така ќе биде топло, со температури над 20°C.
Поради јужното воздушно струење, ќе има и транспорт на прашина од Сахара, што ќе предизвика позаматена атмосфера и поспарно време.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.


