НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ – Хамас застана зад мировни разговори меѓу Иран и САД
Хамас ја поддржа иницијативата за преговори меѓу САД и Иран.

Фото: Принтскрин
Палестинската милитантна група Хамас денес соопшти дека ги поддржува преговорите насочени кон „целосен и сеопфатен крај“ на американско-израелската војна против Иран.
Во соопштението се наведува дека групата очекува успех на дипломатските напори што ги води Пакистан како домаќин и спонзор на разговорите, заедно со другите земји-посредници, пренесува Ал Џезира.
„Со нетрпение го очекуваме успехот на напорите што ги презема Пакистан, спонзорот на овие разговори, и другите земји-посредници, во создавање надеж за позитивни резултати кои ќе ја зајакнат стабилноста и ќе придонесат за единство меѓу арапските и исламските народи“, се наведува во соопштението.
CATEGORIES Свет
