НЕОБИЧНА КОАЛИЦИЈА ВО ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ ВО САД – Конгресмени од левицата и десницата обединети за забрана на тргување со акции

Иницијативата добива широка јавна поддршка, а според предлагачите, таа треба да спречи можен судир на интереси, бидејќи законодавците често располагаат со информации кои можат да влијаат врз берзанските пазари.

НЕОБИЧНА КОАЛИЦИЈА ВО ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ ВО САД – Конгресмени од левицата и десницата обединети за забрана на тргување со акции

Во Претставничкиот дом на САД се создаде ретка коалиција од конгресмени кои инаку ретко се согласуваат, но овојпат застанаа зад заеднички предлог-закон за забрана членовите на Конгресот и нивните семејства да поседуваат и тргуваат со акции.

Иницијативата добива широка јавна поддршка, а според предлагачите, таа треба да спречи можен судир на интереси, бидејќи законодавците често располагаат со информации кои можат да влијаат врз берзанските пазари.

„Не гледате секој ден ваков состав на личности заедно. Тоа ја покажува силата на оваа кауза,“ изјави републиканецот Брајан Фицпатрик од Пенсилванија.

Законот предвидува забрана за поседување индивидуални акции и обврзници, но дозволува вложувања во диверсифицирани фондови, ETF и одредени суровини. Пратениците кои моментално поседуваат акции ќе имаат рок од 180 дена да ги продадат, а новоизбраните 90 дена по стапување на функцијата.

Сличен предлог е веќе разгледуван и во Сенатот, каде дел од иницијативата се однесува и на идни претседатели и потпретседатели. Иако законот засега важи само за Конгресот, предлагачите велат дека се подготвени мерката да ја прошират и кон извршната власт, доколку добие доволна поддршка.

CATEGORIES
Share This