НЕНАДЕЈНО МУ СЕ СЛОШИ Вучиќ ја напушти Америка и веќе е на лет назад за Србија
Од Кабинетот на претседателот најавија дека во наредните денови јавноста ќе биде информирана со повеќе детали за здравствената состојба на претседателот. Засега не се откриваат конкретни информации за природата на здравствениот проблем.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ненадејно се почувствувал лошо за време на официјалната посета на САД и побарал медицинска помош. По лекарскиот преглед, донел одлука веднаш да ја прекине посетата и да се врати во Србија.
Инцидентот се случил во раните попладневни часови, кога Вучиќ бил во друштво на министерот за финансии Синиша Мали и медиумската советничка Сузана Васиљевиќ. Во тој момент, тие се подготвувале за следните дипломатски активности, откако претходно оствариле средби со американската конгресменка Клаудија Тени, поранешниот гувернер Род Благојевиќ и српски претприемачи кои живеат и работат во САД.
Од Кабинетот на претседателот најавија дека во наредните денови јавноста ќе биде информирана со повеќе детали за здравствената состојба на претседателот. Засега не се откриваат конкретни информации за природата на здравствениот проблем.
Посетата на САД, која имаше за цел унапредување на економската и политичката соработка, е прекината предвреме поради настанатата ситуација.


