НЕМА РЕФОРМИ, НЕМА НАПРЕДОК – Филипче со жестоки критики до Владата

Брисел бара итни законски измени и зајакнување на институциите

НЕМА РЕФОРМИ, НЕМА НАПРЕДОК – Филипче со жестоки критики до Владата
Фото: Национал

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции изјави дека Македонија стагнира во реформите и дека последниот извештај на Европската комисија е еден од најлошите досега.

Тој предупреди дека нема напредок во правосудството, борбата против корупцијата, економските критериуми и медиумските реформи, а корупцијата станува доминантна во многу области. Според него, Владата нема политичка волја и ја носи целата одговорност за застојот.

Филипче истакна дека ЕК бара итно да се донесе нов Закон за парнична постапка, да се забрза судската реформа и целосно да се применува АКМИС-системот. Дополнително, Брисел бара нов Кривичен закон, подобра имплементација на антикорупциската стратегија и зајакнување на Јавното обвинителство со повеќе ресурси.

CATEGORIES
Share This