НЕМА ПОПУШТАЊЕ ЗА БЕЗБЕДЕН ГРАД- Ќе поднесам политички притисок за да се спасат животи вели Мицкоски
оранешни функционери се жалат на опомени, но Мицкоски повторува: правилата важат за сите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од новиот систем „Безбеден град“, кој денес официјално влезе во пробна фаза, изјави дека целосно го поддржува проектот и неговото проширување на ниво на целата држава.
„Свесни сме дека ќе има критики и политички удари, но подготвени сме да ги издржиме ако со тоа спасиме човечки живот. Во последните недели во центарот на Скопје имавме три жртви поради неприлагодена брзина и непочитување на правилата“, рече Мицкоски.
Тој истакна дека Владата ќе поддржи строга примена на правилата, без исклучоци.
„Слушам некои поранешни функционери се жалат дека добивале опомени за 52, 53 или 55 километри на час. Но, правилата важат за сите. И за 50,5 ќе има опомена ако е утврдено дека брзината не е прилагодена на условите“, додаде премиерот.
Според него, статистиката од првиот ден на системот покажува колку е сериозна состојбата: илјадници прекршоци за поминување на црвено и голем број нерегистрирани возила во сообраќај. „Многу животи се изгубени поради неприлагодена брзина и поминување на црвено светло“, рече тој.
„Ако треба да го издржиме политичкиот притисок за да спасиме еден човечки живот – подготвен сум. Тоа е нашата главна цел“, заврши Мицкоски.


