НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ПОЛИТИЗАЦИЈА НА НАШАТА БИТКА ВО ВРСКА СО ДЕПОНИЈА ВО ПЕЛАГОНИЈА Нов иницијативен одбор во понеделник
Состанокот е најавен за понеделник, по што ќе биде избран координатор и ќе следува официјално соопштение со сите детали за понатамошните активности на терен.

Најавената трибина која требаше да се одржи во сабота во 12 часот во Битола е откажана.
Причината, како што информира еден од најгласните и најборбени иницијатори Мирјана Мирчевски, е заострувањето на политичката атмосфера и вклучувањето на неколку политички партии кои, по најавата за формирање на нов иницијативен одбор, започнале со спонзорирани објави и најави за паралелни протести што доведе до политизирање на нашата искрена борба во врска со Регионалната депонија, што не е во склад со нашите цели.
„Не сакаме нашата иницијатива да се претвори во политичка платформа или средство за добивање поени на сметка на граѓаните. Затоа решивме да не организираме јавни трибини и улични протести“, истакнува Мирчевски.
Според неа, Битола има потреба од сериозен и ангажиран иницијативен одбор кој ќе делува конкретно на терен, преку институционални канали, средби со граѓаните и дијалог со локалната власт, Министерството за животна средина, како и невладиниот сектор. Целта е изнаоѓање најоптимално решение за Регионалната депонија кое нема да го загрозува здравјето на жителите на Битолскиот регион.
Мирчевски додава дека досегашните протести не довеле до значаен одѕив од јавноста ниту до реакции од надлежните институции, поради што е потребен нов пристап.
Во тек се разговори со потенцијален нов координатор на иницијативата за дислокација на регионалното претпријатие за управување со отпад кое опфаќа 18 општини. Состанокот е најавен за понеделник, по што ќе биде избран координатор и ќе следува официјално соопштение со сите детали за понатамошните активности на терен.
Инфомации на тел: 079 272 840





