НЕКОЛКУ ДЕЛОВИ ОД СКОПЕЈ БЕЗ СТРУЈА ЕВН со детални информации за прекините

НЕКОЛКУ ДЕЛОВИ ОД СКОПЕЈ БЕЗ СТРУЈА ЕВН со детални информации за прекините

Дел од скопските општини денеска ќе останат без електрична енергија поради технички зафати на мрежата, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците на улиците „Брсјачка буна“, „Демирхисарска“ и „Пелагонија“ во општина Шуто Оризари.

Прекин во снабдувањето ќе има и во Кондово, каде што од 09:00 до 10:00 часот струја ќе немаат корисниците во близина на пумпата за водовод.

Од 10:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе бидат и дел од жителите на улиците „Михаил и Ефтихиј“ и „Георги Димитров“ во општина Кисела Вода.

РЦУК апелира граѓаните навреме да ги планираат своите обврски.

CATEGORIES
Share This