НЕБОТО ЌЕ СЕ ОТВОРИ Дождови и грмежи вечерва низ целата држава

Граѓаните се повикуваат на зголемена претпазливост, особено при движење на отворено или управување со возило, поради опасност од поплавување на улици и намалена видливост.

НЕБОТО ЌЕ СЕ  ОТВОРИ Дождови и грмежи вечерва низ целата држава
Фото: Принтскрин

Денеска, во попладневните и вечерните часови, се очекува значителна дестабилизација на атмосферата над Македонија поради навлегување на постуден воздух од север на височина.

Овие услови ќе предизвикаат формирање на влажни фронтални бранови, кои на повеќе места ќе резултираат со интензивен развој на грмотевични облаци.

Како последица, можно е појавување на поројни врнежи од дожд, електрични празнења и засилен ветер, со брзина што може да надмине 70 километри на час.

Граѓаните се повикуваат на зголемена претпазливост, особено при движење на отворено или управување со возило, поради опасност од поплавување на улици и намалена видливост.

CATEGORIES
Share This