НЕ СЕ СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНКИ Пронајдени жените кои се изгубија кон Дрисла
Двете жени се во добра здравствена состојба и се придружувани од полицијата кон Драчево.

Фото: Принтскрин
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека двете жени кои претходно биле пријавени како исчезнати, се пронајдени на патот помеѓу скопските села Долно Количани и Батинци. Станува збор за државјанки на Македонија, а не за странски државјанки, како што првично беше објавено поради грешка во комуникацијата.
Жените се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се упатуваат кон Драчево.
Претходно, преку бројот за итни повици 112, била добиена информација дека двете жени се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла. ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде веднаш била упатена полицајска екипа на терен за да постапи по случајот.
CATEGORIES Македонија

