НЕ СЕ ПЛАНИРА ОГРАНИЧУВАЊЕ ПОД 15 ГОДИНИ – Родителите да ја контролираат употребата на социјалните мрежи кај децата

Родителите треба да ја водат контрола над апликациите и времето на децата на интернет.

НЕ СЕ ПЛАНИРА ОГРАНИЧУВАЊЕ ПОД 15 ГОДИНИ – Родителите да ја контролираат употребата на социјалните мрежи кај децата
Фото: Принтскрин

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, смета дека родителите треба да ја имаат контролата над употребата на социјалните мрежи од страна на децата, додека државата не треба да се меша, бидејќи ограничувањата од страна на државата можат да претставуваат голема опасност.

На новинарско прашање дали државата планира ограничувања за младите до 15 години, Андоновски рече дека не се предвидуваат ограничувања на личните слободи, но дека може да се отвори јавна расправа доколку постои интерес кај родителите.

Забележавме петиции и во Македонија. Минатата година, во рамките на овој проект, во сите училишта претставивме алатки преку кои родителите можат да контролираат кои апликации нивните деца можат да ги користат, колку време можат да поминат на нив и кои содржини смеат или не смеат да ги следат. Ова е начин да се превенираат опасностите од интернетот, а контролата ја задржуваат родителите, без државата да се меша. Се работи за приватни алатки кои ги користат семејствата, и мешањето на државата во домашните работи не е соодветно“.

Сепак, доколку има зголемен интерес или загриженост кај родителите, можеме да отвори јавна расправа и анкета за да го согледаме нивното мислење. Не се противиме на менување на законот доколку тоа е потребно, но треба да внимаваме кога државата почнува да забранува одредени алатки за одредени групи луѓе, тоа може да биде против слободата на говорот и изразувањето. Првата и најважна мерка секогаш треба да биде превенција и родителска контрола, а државните забрани да се користат само како последна опција“, објасни Андоновски.

CATEGORIES
Share This