(НЕ)ОЧЕКУВАНО ОД „СПЕЦИЈАЛНИОТ“ Мурињо остави 750.000 евра долг во хотелот во Турција

(НЕ)ОЧЕКУВАНО ОД „СПЕЦИЈАЛНИОТ“ Мурињо остави 750.000 евра долг во хотелот во Турција

Контроверзниот тренер Жозе Мурињо повторно е во центарот на вниманието, овој пат поради неверојатната сума која Фенербахче ја потрошил за неговиот престој во Истанбул. Според извештаите на турските медиуми, клубот потрошил околу 36,5 милиони турски лири, што е приближно 750.000 евра, за да го покрие луксузниот живот на португалскиот стратег во хотелот „Фор Сизонс“. Мурињо живеел во „најексклузивниот апартман“ со поглед на Босфорот, опремен со сите удобности, повеќе од една година.

Оваа сума предизвика голема бура во клубот, особено по неговото ненадејно заминување во август 2025 година, кога Фенербахче го раскина договорот со него по елиминацијата од Бенфика во квалификациите за Лигата на шампионите. За време на неговиот 15-месечен престој во Турција, Мурињо беше во фокусот на вниманието поради конфликтите со управата и неговите остри изјави, а сега и поради цената на неговиот престој.

Долгот за хотелот дополнително се надоврзува на отштетата од 12 до 15 милиони евра, која наводно му била исплатена по отказот. Овие трошоци го ставаат клубот во тешка финансиска ситуација, со оглед на тоа што вкупниот износ за неговиот престој е речиси колку годишната плата на еден од најплатените фудбалери.

По заминувањето од Турција, Бенфика објави дека Мурињо е назначен за тренер до 2027 година, означувајќи го неговото враќање во португалскиот фудбал. Сепак, резултатите досега не ги исполнија очекувањата, што дополнително ја зголемува тензијата околу неговата кариера.

CATEGORIES
Share This