НЕ МОЖЕВ ДА ГО САКАМ ПОВЕЌЕ – Тоj е само биолошки татко на мојата ќерка
Се обидував да сокријам сè од јавноста, но тој ми се одмазди преку медиумите“, призна пејачката.

Пејачката Гоца Тржан (51) откри како го преживеала разводот од учесникот во реалното шоу, Иван Маринковиќ, истакнувајќи дека нивниот брак не можел да опстане поради неговите навики за коцкање и пиење.
„Не можев да бидам со маж кој се коцка и пие. Имав надеж дека нашата разделба ќе ни помогне да ги поправиме работите, но сфатив дека понекогаш и двајца не можат да направат нешто такво сами. Си велев дека треба да се променам, постојано барав маани во себе, но се покажа дека проблемот е двостран. Не можам да го обвинам него за разводот – тој, исто како и јас, беше несреќен во бракот“, рече Гоца.
Таа се потсети на моментот кога се вратила од реалното шоу:
„Се надевав дека ќе се вратам дома и сè ќе биде одлично, но ме пречека хаос. Кога сфатив дека не го почитувам и не можам повеќе да го сакам, решивме да раскинеме. Разводот беше многу тежок, се обидував да го сокријам сè од јавноста, но тој сакаше да ми се одмазди преку медиумите. Сепак, повторно би го направила истото заради мојата ќерка.“
Гоца јасно нагласи дека Иван е само биолошки татко на нивната ќерка:
„Морав да смислам разни начини да ја заштитам од медиумите и социјалните мрежи додека таа беше мала. Сега, кога таа гледа негови интервјуа и слуша што кажал за нас, не можам повеќе да го сокријам тоа. Но, без разлика на тешките моменти и грдите зборови, никогаш не сум зборувала лошо за нејзиниот татко.“

