НЕ ГО ИЗДРЖА ПРИТИСОКОТ Почина првоосомничениот во „Пулс“

Петров веќе неколку години беше во пензија, но се најде на листата на првоосомничени во истрагата за наводни неправилности при издавање дозвола за паркинг, бидејќи го ставил својот потпис за согласност.

НЕ ГО ИЗДРЖА ПРИТИСОКОТ Почина првоосомничениот во „Пулс“
Фото: Принтскрин

Владо Петров, поранешен главен инспектор за сообраќај во Кочани и првоосомничен во случајот „Пулс“, синоќа почина на 63-годишна возраст. Според неофицијални информации, смртта настапила од срцев удар, кој најверојатно бил предизвикан од силен стрес.

Петров веќе неколку години беше во пензија, но се најде на листата на првоосомничени во истрагата за наводни неправилности при издавање дозвола за паркинг, бидејќи го ставил својот потпис за согласност.

„Трагедијата од Кочани денеска ја однесе својата 63-та жртва, за која најверојатно никој нема да зборува и никој нема да понесе одговорност. Владо Петров, иако пензионер, беше испратен во притвор затоа што во време кога бил главен инспектор за сообраќај потпишал документ за паркинг пред дискотеката. За жал, не го издржа притисокот и не успеа да ја ужива својата пензија. Почивај во мир голем човеку. Правда за полицијата е повеќе од потребна, а за жал доаѓа премногу доцна,“ пишуваат од полицискиот синдикат.

CATEGORIES
Share This