НЕ Е ПОМИНУВАЊЕ НА ЦРВЕНО, НО Е ПРЕКРШОК – 45 евра за блокирање на крстосница

Казна за „угушување на крстосница“, не за поминување на црвено и возачите мора да предвидат дали сообраќајот ќе се закочи.

НЕ Е ПОМИНУВАЊЕ НА ЦРВЕНО, НО Е ПРЕКРШОК – 45 евра за блокирање на крстосница
Фото: Национал

Возачите треба да проценат дали да поминат на зелено светло ако знаат дека со тоа би ја блокирале крстосницата, односно ако улицата пред нив е веќе полна со возила.

Министерот Панче Тошковски во телевизиско гостување ја разјасни дилемата што имаше кај некои граѓани: дали поминувањето на зелено светло, а застанувањето среде крстосница поради гужва, се смета за прекршок.

„Во такви ситуации ќе се третира како сообраќаен прекршок, но не како поминување на црвено светло, туку како забавување или отежнување на движењето во рамки на крстосница. Казната изнесува 45 евра. Возачот мора да процени дали сообраќајот ќе се заглави ако помине на зелено и, ако е така, да застане“ – рече Тошковски.

Тој додаде дека при тест периодот, камерите можеле да забележат вакви случаи како поминување на црвено, иако возачите влегувале на зелено. Ова веќе е корегирано, и ваквите прекршоци сега се констатираат како „угушување на крстосница“, а не како поминување на црвено.

Министерот истакна дека во Скопје се воведува и паметен зелен бран, кој треба да ја подобри проточноста на сообраќајот. Целта е сообраќајот да се движи околу 30% побрзо, а системот ќе опфати сите главни булевари во градот.

„Истражувањата за семафорските тајмери и досегашното искуство покажаа дека тие често се повеќе штетни отколку корисни. Затоа интензивно работиме на целосната имплементација на ова решение“ – додаде Тошковски.

CATEGORIES
TAGS
Share This