НЕ Е ЛАСКАЊЕ, НАВИСТИНА МИ СЕ ДОПАЃА – Лукашенко за постапките на Трамп

Белорускиот претседател го истакна придонесот на Трамп во мировната агенда за Украина.

НЕ Е ЛАСКАЊЕ, НАВИСТИНА МИ СЕ ДОПАЃА – Лукашенко за постапките на Трамп
Фото: Принтскрин

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги пофали постапките на американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека „навистина му се допаѓаат“ во последно време.

„Велат дека Трамп сака ласкање, но јас не го правам ова за ласкање. Сакам да кажам дека навистина ми се допаѓаат неговите постапки – изјави Лукашенко на состанокот со специјалниот претставник на САД за Белорусија, Џон Кол, пренесе агенцијата Белта.

Лукашенко, на состанокот на Белорускиот совет за безбедност одржан на 9 декември, го истакна придонесот на Трамп во унапредувањето на мировната агенда поврзана со конфликтот во Украина.

„Без разлика колку се обидуваат да ја минимизираат улогата на Трамп, тој е голема личност во оваа област. Неговите изјави нема да останат незабележани од народот. Тој сака да ја запре војната за да не умираат луѓе. Можете да кренете врева и да кажете што сакате, но што можете да кажете против тоа што денес го прават Американците? – нагласи Лукашенко.

CATEGORIES
TAGS
Share This