НАУМ ПЕТРЕСКИ ЈА ПРЕТСТАВИ „ЕДНА СОЛЗА“ Песна со силна емоција и модерен музички израз

Песната беше премиерно објавена пред помалку од еден ден и за кратко време го привлече вниманието на слушателите, бележејќи голем број на прегледи и позитивни реакции на социјалните мрежи.

Познатиот фолк пејач Наум Петрески го претстави својот нов сингл „Една солза“, песна со силна емоција и модерен музички израз. Музиката, текстот и аранжманот се дело на Јован Василевски, а учествуваат и врвни домашни музичари.

Инструменталниот аранжман ја надополнува вокалната изведба на Петрески, кој ја пренесува емоцијата со искреност и зрелост. „Една солза“ е уште една потврда за континуираната уметничка посветеност на пејачот.

CATEGORIES
Share This