НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ РАСТЕ Потребни се итни мерки и институционален одговор

И покрај законските измени, насилството в рз жените се продлабочува и станува сè поагресивно

НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ РАСТЕ Потребни се итни мерки и институционален одговор
Фото: Принтскрин

Епидемија на насилство врз жени – алармантните бројки повторно ја разбудија јавноста. Во последните три години во земјава се регистрирани дванаесет фемициди, а само во 2025 година четири. Активистите апелираат на итни мерки за заштита и превенција, понагласена меѓусекторска соработка и појасна институционална одговорност. Потсетуваат: насилството врз жените не е приватна работа, туку сериозен општествен дефект со трагични последици.

Паралелно започнува светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“. И покрај декларации, законски измени и бројни активности, насилството не опаѓа, напротив, се трансформира во сè погруби облици на агресија, предупредува претседателката Сиљановска-Давкова.

Од Министерството за социјална политика информираат дека годинава се евидентирани 1.260 нови случаи на семејно насилство и дека е во изработка осумгодишна национална стратегија за негово спречување.

Статистиката на МВР за 2024 година бележи пет убиства со пет сторители и седум жртви, а за 2025 година четири убиства, четири сторители и пет жртви.

Глобалната слика е уште пострашна: според Обединетите нации, на секои десет минути една жена или девојка го губи животот, убиена од партнер или член на семејството.

CATEGORIES
Share This