НАРОДОТ СЕ КРЕНА – Илјадници на улиците на Париз против власта
Од Северната станица колоната се упати кон плоштадот Шатле, каде што беше најавено масовно продолжение на протестот.

Во Франција денеска се одржаа стотици собири на незадоволни граѓани, а еден од најголемите протести се случи пред Северната железничка станица во Париз. Таму се собраа неколку илјади луѓе, претежно млади левичари, кои гласно протестираа против владата и побараа оставка од претседателот Емануел Макрон.
Под силно полициско обезбедување, демонстрантите пееја револуционерни песни и носеа транспаренти со пораки: „Народот се крена“ и „Парите за учење, а не за бомбардирање“.
Некои од порадикалните пароли предизвикаа и сериозни реакции, особено оние што повикуваа на насилство. Полицијата на моменти употреби солзавец, вклучително и пред неколку средни училишта во 20-от арондисман.
Од Северната станица колоната се упати кон плоштадот Шатле, каде што беше најавено масовно продолжение на протестот.


