НАРОДНА БАНКА НАЈАВИ СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ИНФЛАЦИЈАТА – Очекуваат прибилижување на историските 2%
Според Славески, трајно ниски нивоа на инфлација се можни само со усогласена политика на Владата и централната банка, насочена кон долгорочни инвестиции и економска стабилност.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, очекува процесот на дезинфлација да продолжи и во наредните една до две години, при што инфлацијата ќе се врати на историските нивоа од околу 2 проценти.
Тој нагласи дека инфлациските очекувања и понатаму се високи, но со доследни монетарни мерки и одговорна фискална политика ќе се обезбеди стабилност. Народната банка ја задржува референтната каматна стапка и применува мерки за зајакнување на штедењето и финансиската стабилност.
Според Славески, трајно ниски нивоа на инфлација се можни само со усогласена политика на Владата и централната банка, насочена кон долгорочни инвестиции и економска стабилност.
CATEGORIES Бизнис


