„НАРОДЕН ПРАТЕНИК“ НА МНТ ТРИУМФИРА ВО СРБИЈА Претставата ја освои главната награда „Борини позоришни дани“
Жирито едногласно оцени дека претставата се издвојува со комплексна режија и автентична сценографија што го засилува доживувањето на дејството.

Претставата „Народен пратеник“ во продукција на Македонскиот народен театар ја освои главната награда „Борисав Станковиќ“ за најдобра претстава во целина на 45. издание на фестивалот „Борини позоришни дани“ во Врање, Србија.
Жирито едногласно оцени дека претставата се издвојува со комплексна режија и автентична сценографија што го засилува доживувањето на дејството.
Директорот на МНТ, Никола Кимовски, изјави дека признанието е потврда за креативноста и професионализмот на ансамблот и поттик за понатамошен уметнички развој.
Во режија на Егон Савин, претставата ја оживува комедијата на Бранислав Нушиќ, со настапи на Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски и други актери на МНТ.
Фестивалот се одржа од 21 до 28 октомври со учество на седум претстави од Србија, Република Српска и Македонија.


