НАПОЛИ ГИ ОСИГУРА КЛУЧНИТЕ ИГРАЧИ Постигна договор и со Матео Политано

Актуелниот италијански шампион, Наполи, започна новата сезона со одлични резултати, забележувајќи максимални триумфи по четирите одиграни кола. По победата над Пиза, клубот од Неапол објави дека го продолжил договорот со италијанскиот репрезентативец Матео Политано, кој сега ќе остане во клубот до 2028 година.
Политано, кој во 2020 година пристигна во Наполи од Интер на позајмица, потоа беше откупен од клубот. Во текот на својот престој во Наполи, тој одигра 238 натпревари, постигна 34 гола и запиша 35 асистенции. Во својата кариера, Политано освои две шампионски титули во Серија А, како и Италијанскиот куп.
Покрај Наполи, тој играл и за клубови како Рома, Перуџа, Пескара и Сасуоло. Политано има значајно искуство и на репрезентативно ниво, играјќи за младинските селекции на Италија, а за А селекцијата дебитираше во 2018 година, со 16 настапи и четири постигнати голови. Со продолжувањето на договорот, Наполи ја потврдува својата доверба во овој стандарден првотимец.


