НАПАДНАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА – Вршела контрола на дивоградба во Чаир

Инцидентот го потврди и Министерството за внатрешни работи, соопштувајќи дека нападот бил пријавен на 11 јули во 12:15 часот.

НАПАДНАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА – Вршела контрола на дивоградба во Чаир

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, била физички нападната за време на вршење контрола на дивоградба на територија на Општина Чаир. Според нејзините изјави, таа и членовите на екипата со која била на терен биле нападнати со клоци и тупаници од лице кое, како што посочи, најверојатно е сопственик на објектот.

По инцидентот, Арсовска побарала лекарска помош во Ургентниот центар „8 Септември“, каде и била укажана соодветна медицинска грижа. Таа изјави дека лицето кое ја нападнало крадело струја и вода и немало платено никакви давачки кон градот.

„Затекнато е лице како краде струја, вода, нема платено ниту денар – ни за данок, ни за комуналии. Објектот е без одобрение и без никаква документација“, рече Арсовска.

Инцидентот го потврди и Министерството за внатрешни работи, соопштувајќи дека нападот бил пријавен на 11 јули во 12:15 часот. Според полицијата, нападот се случил на улицата Кумбара, каде Арсовска била физички нападната, а кон неа биле упатени и вербални закани.

CATEGORIES
TAGS
Share This