НАПАДНАТ ВРАБОТЕН ВО „ВОДОВОД“, Тројца осомничени, еден во притвор, двајца во бегство

Инцидентот се случил на 2 јуни, кога оштетениот го паркирал своето возило пред влезот на објектот.

НАПАДНАТ ВРАБОТЕН ВО „ВОДОВОД“, Тројца осомничени, еден во притвор, двајца во бегство

Вработен во пунктот на ЈП „Водовод и канализација“ во населбата Шуто Оризари бил брутално нападнат од тројца напаѓачи со дрвени палки и метални шипки, при што му биле нанесени тешки телесни повреди, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.

Напаѓачите го нападнале од зад грб, без претходна провокација, удирајќи го по главата и телото со различни предмети. Нападот бил извршен со особена агресивност и предизвикал вознемиреност и страв и кај присутните сведоци.

Обвинителството отвори истрага за кривично дело „Насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Засега е лишен од слобода еден од осомничените – 29-годишен маж, за кого е предложена мерка притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоци и оштетениот.

Останатите двајца напаѓачи, на возраст од 38 и 40 години од населбата Сингелиќ, се идентификувани, но се во бегство од денот на нападот. Обвинителството издаде наредби за нивно пронаоѓање и приведување.

Истражните органи продолжуваат со преземање дејства за целосно расветлување на случајот.

CATEGORIES
Share This