НАПАД СО УКРАДЕНА ПУШКА – Ранет и приведен 29-годишник од Василево кој пукал кон малолетници и полицајци
На 7 јули, во истото село, Г.П. пукал со украдената пушка кон тројца млади лица - еден 22-годишен и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години. Подоцна, на влезот во село Вашарејца се обидел да пука и кон полициски службеници, но бил спречен

Секторот за внатрешни работи – Битола поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од село Ангелци, општина Василево, под сомнение за сторени две кривични дела „убиство во обид“, три дела „тешка кражба“ и „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“.
Во периодот од 2 до 7 јули 2025 година, пријавениот извршил провали во две викендички во атарот на село Крклино, Битолско, при што не одзел ништо, но предизвикал материјална штета. Во село Долно Српци, општина Могила, со употреба на сила влегол во куќа од каде украл ловечка пушка (калибар 16 мм) и две туби со гориво.
На 7 јули, во истото село, Г.П. пукал со украдената пушка кон тројца млади лица – еден 22-годишен и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години. Подоцна, на влезот во село Вашарејца се обидел да пука и кон полициски службеници, но бил спречен. Полицијата возвратила и го погодила во ногата, по што осомничениот бил приведен.


